СИВИТЕ ТРЕНЕРКИ НА ГАБОР КИРАЛИ СЕ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    СИВИТЕ ТРЕНЕРКИ НА ГАБОР КИРАЛИ СЕ ХИТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Унгарскиот голман Габор Кирали има богата кариера зад себе, настапувајќи за познати клубови како Херта, Вест Хем, Астон Вила и Баер Леверкузен, но ќе остане запаметен, пред се, по сивите тренерки во кои бранеше цели 22 години.
    Денеска, на натпреварот на Европското првенство во Франција против Австрија стана најстариот фудбалер во историјата на европските првенства со 40 години 74 дена, соборувајќи го рекордот на Германецот Лотар Матеус, кој имаше настап на ЕП со 39 години и 91 ден.
    Дополнително, Кирали одлично бранеше и успеа да не прими гол во победата на Унгарија над Австрија од 2:0 во Бордо. Сепак, како ништо од тоа да не им беше важно фудбалските фанови, кои на социјалните мрежи ги коментираа само неговите сиви тренерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира