Судијката Александра Поп-Стефанова во решенијата го обрзложува одбивањето со лимитираната надлежност на СЈО и навдува дека тоа не е надлежно за овој предмет бидејќи не презентирало конкретен прислушуван разговор од кој произлегува случајот „Тврдина“.
За истиот случај во март годинава на првоосомничениот Кривичниот суд веќе му одреди мерка притвор. Грујовски помина 6 дена во притворското одделение во затворот во Шуто Оризари пред го продoлжи притворот дома, а по аблоицијата му беше укинат и куќниот притвор.
Сослушувањето на Јанкулоска и другите тројца осомничени во април беше прекинато оти на судијата што вршеше распит му се слоши. Потоа истиот судија се врати на работа, но замина на одмор. Во меѓувреме дојде аболицијата на претседателот Иванов и со неа се сопре постапката и против началникот Грујовски и против поранешната министерка Јанкуловска.
Во случајот „Тврдина“ се осомничени шестмина службеници на МВР, вклучително и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека минатата година во март нелегално уништиле средства за прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање вредни 10 милиони евра и фалсификувале документи со кои ќе го оправдаат тоа уништување.