ЈАНАКИЕСКИ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ БЕГА ОТКАКО ИВАНОВ НЕ ГО ПРИМИЛ, ЗАТОА СУДОТ ОДОБРИЛ ПРИТВОР

    ЈАНАКИЕСКИ РЕКОЛ ДЕКА ЌЕ БЕГА ОТКАКО ИВАНОВ НЕ ГО ПРИМИЛ, ЗАТОА СУДОТ ОДОБРИЛ ПРИТВОРСо полициски спровод утринава Јанакиески беше спроведен од Шутка во Основниот суд Скопје 1, на судењето за одмаздничкото уривање на големиот објект Космос на Фијат Цаноски.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Поранешниот министер Миле Јанакиески, кој вчера беше притворен поради опасност од бегство, мерката ја добил поради службена белешка од надлежните служби во МВР во која стоело дека имал наводно намера да бега откако претседателот Ѓорге Иванов не го примил на состанок.

    Според неофицијалните информации, до кои денеска дојде САКАМДАКАЖАМ.МК на судењето за „ТНТ“, Јанакиески, кој е обвинет во 5 случаи на СЈО, по бегството на Груевски преку посредник побарал средба кај Иванов за евентуална повторна амнестија.

    Иванов, неофицијално, му пратил порака преку посредникот дека нема теорија да го прими, а уште помалку за таква тема на разговор. По ова, според истражувањата во МВР, Јанакиески наводно рекол: „Ако е така, тогаш и јас ќе бегам како Никола“.

    Со полициски спровод утринава Јанакиески беше спроведен од Шутка во Основниот суд Скопје 1, на судењето за одмаздничкото уривање на големиот објект Космос на Фијат Цаноски.

    Прашан од судијата Огнен Ставрев дали е во притвор сега, Јанакиески му одговори: „За жал да. Старите велат, не можете по магарето, удрете по самарот“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира