Денес на судското рочиште за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 се читаа вибер пораките од обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој е меѓу 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Во комуникацијата меѓу Мукоски и Миле Јанакиески стои:
12.42 Крсто: Заев се јави за процедурално.
13.29 Миле: Одете по нив каде и да се движат.
17.59 Миле: Свири бе брат.
18.19 Миле: Алал вера за денес брат.
18.25 Крсто: Фала ти мора да е малку тензично надвор за да се префрли фокусот таму.
Миле: Да, да.
18.27 Крсто: Оти тука се сите камери, тензично е, цело време го прашуваат Заев неговите што да прават.
18.37 Миле: Да му застаниш на овој пред него што чита.
18.38 Крсто: Ќе направиме проблем нека почнат тие први.
19.10 Миле: Качете се дел во прес сала каде што е Заев.
Во друга комуникација на вибер група во која се пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ која се читаше од мобилниот телефон на Мукоски, во 17.52 обвинетиот Јохан Тарчоливски на прашање на Марија Којзеклиска што се случува одговара „Се брани Македонија, удрија душманите. Нема назад“.
17.54. Васил Пишев: Браќа и сестри нема пуштање ако треба ќе се гине за Македонија.
18.53 Спире Ристевски: Појачајте од секаде. Максимум.
18.53 Сашо Лазаровски: Заев одржува прес во моментов
19.18 Александар Атанасов (ексдиректорот на скопски „Водовод“): Толку подобро. Многу е жешко во сала.
18.27 Миле Јанакиески: Пред Собрание.
19.28 Александар Атанасов: Горе ги тепаат нашиве на комуњарите.
19.33 Миле Јанакиевски: Повеќе и повеќе народ.
20.12 Сашо Лазаровски: Села може да е веќе аут.
20.12 Саше Стефановски: 50 возила и автобус Битола.
22.33 Миле Јанакиески: Да го завземеме просторот.
Во друга вибер комуникација беа читани пораките што на Мукоски му ги испраќало лицето заведено во неговиот телефон како колешка Чаир, која во 18.14 му вели „Дај боже да влеземе да ги затепаме, хахахахха“, а во 18.49 му испраќа на Крсто порака „Отворете ги предните врати“. После 5 минути му испраќа нова порака: „Шекерка мене остајте ми ја. Отворајте вратите“. Па во 18.55 му пишува „Влеговмеееееее“.
А. АНТЕВСКА