СЈО:АПСУРДНИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА МОРА ДА ИМА БОМБА ЗА ДА БИДЕМЕ НАДЛЕЖНИ ЗА „ТВРДИНА“

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Скопје,(МЕТА.МК)

    СЈО:АПСУРДНИ СЕ ТВРДЕЊАТА ДЕКА МОРА ДА ИМА БОМБА ЗА ДА БИДЕМЕ НАДЛЕЖНИ ЗА „ТВРДИНА“

    Апсурден и нелогичен е ставот и тврдењето на судијата кој ја спори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“ и врз сонова на кој ги одби барањата за одредување притвор за Горан Грујовски и за мерки на претпазливост за другите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, велат од СЈО.

    Оттаму до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 веќе доставиле жалба на одлуката на судијата на претходна постапка, Александра Поп-Стефанија, во која бараат Советот да ја уважи жалбата на СЈО, односно да го укине решението на судијката и предметот да го упати на повторно одлучување.

    „Нејасен е фактот дали судот ценел дека не се исполнети условите во однос на неуредност на предлогот за определување мерка притвор или не се исполнети условите во смисла на стварната надлежност на ова јавно обвинителство, односно судот не е јасен во смисла на самото спорење и побивање на надлежноста на ова јавно обвинителство. Исто така, не е јасно кој е клучниот факт при носењето на решението за барањето да се отфли, дали решението поаѓа од неуредност или ненадлежност на ова обвинителство“, стои во образложението на СЈО.

    Од СЈО појаснуваат дека законодавецот ги одвоил и ги разликува двете категории на надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство, односно едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

    „Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејства извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување заради попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и, секако, тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејства судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејства со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства. Оттука апсурдно е тврдењето на судот дека е потребно кумулативно да постои и поврзаност со неовластено следење на комуникации и кривични дела кои директно произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите“, велат од СЈО.

    Од кабинетот на Катица Јанева потсетуваат дека на Горан Грујовски еднаш веќе му беше одреден притвор за истиот случај, пред тој заедно со другите 55 лица да биде аболиран од претседателот Ѓорге Иванов. Грујовски тогаш преку своите адвокати се жалеше на притворот, а неговите правни застапници во својата аргументација до Кривичниот совет тврдеа дека СЈО не е надлежно за овој случај.

    „Постапувајќи по наведената жалба, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1, донесе решение КИОК-КС.бр.39/16 од 1 април 2016 година, со кое жалбата на осомничениот се одбива како неоснована, а по повод жалбата по службена должност решението на судијата на претходна постапка IV КОК-ПП.бр.103/16 од 30 март 2016 година се преиначува, се укинува мерката притвор и против осомничениот Г.Г. се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена. Меѓу другото, во образложениото на ова решение, Кривичниот совет се осврнал на жалбените наводи на одбраната дека во конкретниот случај Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не е надлежно да постапува по предметот, меѓутоа истите воопшто не ги прифатил со образложение дека во овој стадиум на постапката судот е должен да ги преземе оние дејства во постапката за кои постои опасност од одлагање како што е одлучувањето за мерката притвор“, потсетуваат од СЈО.

    Грујовски, Јанкулоска и другите тројца осомничени во случајот „Тврдина“ се товарат дека минатата година, откако опозицијата почна да ги објавувата т.н. „бомби“, ги уништиле системите од нелегалното прислушување, вредни 10 милиони евра.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира