ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ИМ ГИ ПРОДОЛЖИ НА ШЕСТ МЕСЕЦИ СТАРИТЕ ДОГОВОРИ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ, ГИНЕКОЛОЗИТЕ, СТОМАТОЛОЗИТЕ И ЛАБОРАТОРИИТЕ

    ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ИМ ГИ ПРОДОЛЖИ НА ШЕСТ МЕСЕЦИ СТАРИТЕ ДОГОВОРИ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ, ГИНЕКОЛОЗИТЕ, СТОМАТОЛОЗИТЕ И ЛАБОРАТОРИИТЕНа средбата меѓу ФЗОМ и Лекарска комора било договорено да се стави мораториум на договорените казни. - Директорите на ФЗОМ Даниел Дончев и Орхан Рамадани (Фото: СДК. МК)

    Фондот за здравствено осигурување ќе потпише анекс на постоечките договори со избраните лекари, гинеколозите, педијатрите и лабораториите и тој ќе се применува наредните шест месеци. Ова вчера било договорено на средбата меѓу ФЗОМ и Лекарската комора на Македонија.

    Од Лекарската комора велат дека на средбата со директорите на Фондот за здравствено осигурување Даниел Дончев и Орхан Рамадани договориле во овој период да се стави мораториум на казните од договорот, освен во случаи кога е сторено кривично дело.

    „Во меѓувреме претставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции. Работните групи ќе работат на дефинирање и начинот на спроведување на целите, за да се подигне нивото на превентивна здравствена заштита на населението, на казнената политика, различни поени по возрасни групи за одредени специјалности, дежурства, контроли. Во овие групи ќе се вклучат и претставници од Министерството за здравство, со оглед што за некои од дадените иницијативи и предлози е потребно изменување на законите и подзаконските акти“, велат од Лекарската комора.

    До овие разговори меѓу Лекарската комора и ФЗОМ дојде, бидејќи дел од избраните лекари не се согласуваа со условите во новите петгодишни договори што им ги понуди Фондот.

    На средбата ФЗОМ понудил три можности, односно да се разгледаат понудените договори член по член, да се прифатат договорите со важност од една година и направи анекс за продолжување на постоечките договори за шест месеци.

    „Фондот за здравствено осигурување на Македонија и овој пат истакна дека е подготвен низ дијалог да се дојде до најсоодветните решенија за осигурениците и избраните лекари“, велат од Лекарската комора.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира