Актерите од Драмски театар денеска се збогуваа со колегата Мите Грозданов, кој почина вчера на 75 години, на комеморацијата на која театарскиот, филмски и телевизиски актер беше споменат како ненадминат во својата професија.
„И не, немаше едно чудо професии, имаше само една – беше глумец! А тоа соединува сѐ, и сиот живот, и сите вештини на светот“, рече на комеморацијата режисерот Бранко Ставрев.
Грозаднов беше првиот македонски актер кој во 1968 го доби највисокото театарско признание во Југославија, Златен ловоров венец за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле. Има одиграно над 150 улоги во неговиот матичен Драмски, но и низ театрите во Македонија.