Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници вчера, ги одби денеска жалбите на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски на мерките притвор во траење од по 30 дена за предметот на СЈО „Титаник“, соопшти Апелациониот суд Скопје.
Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова вчера рече дека на 13 ноември 2018 година, Јанакиески се спремал да бега од Македонија, а истото Управата за безбедност и контраразузнавање го констатирала и за Кирил Божиновки.
Ексминистерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Божиновски, се обвинети во големиот случај на СЈО за серија изборни нерегуларности „Титаник“, а Јанакиески уште и во: „ТНТ“, „Траекторија“, „Топлик“, „Насилство и шамари во Центар“ и во „Талир“. Двајцата беа притворени на 14 ноември.