КОЛИНДА ЗБЕСНА И ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХРВАТСКИТЕ ХУЛИГАНИ

    КОЛИНДА ЗБЕСНА И ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХРВАТСКИТЕ ХУЛИГАНИ

    Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше бесна по инцидентите што се случија за време на фудбалкиот натпревар на Хрватска против Чешка на Европското првенство во Франција.
    Натпреварот во Сен Етјен беше привремено прекинат во финишот, откако хрватските навивачи фрлија факели на теренот, а потоа и почнаа да се тепаат меѓу себе на трибината. Еден припадник на обезбедувањето беше погоден со факел, но, за среќа, помина без посериозни повреди.
    По мечот, Грабар-Китаровиќ објави порака на својот официјален профил на Фејсбук, заканувајќи им се на хулиганите:
    „Браво, ‘Ватрени’! Браво, хрватски навивачи! А вам непријатели на Хрватска, мразачи на својата репрезентација и држава (т.н. орјунаши) ви порачувам: ќе одговарате и за ова и за свастиката! Срам да ви е!“
    Прекинот се одрази на играта на хрватските фудбалери, кои во тој момент имаа водство од 2:1, но набрзо потоа примија гол и натпреварот со Чешка заврши без победник 2:2. УЕФА најави дека ќе отвори случај за инцидентот и веројатно ќе ја повтори одлуката што ја донесе против Русија, која е условно дисквалификувана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира