ПОМИНАВ НА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ, А УШТЕ ЧЕКАМ ВРАБОТУВАЊЕ ВО МВР, ГРУЕВСКИ ПРЕПРАЌАЛ СМС ПОРАКИ ДО ЈАНКУЛОВСКА ПРЕД ИЗБОРИТЕ 2011

    ПОМИНАВ НА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТ, А УШТЕ ЧЕКАМ ВРАБОТУВАЊЕ ВО МВР, ГРУЕВСКИ ПРЕПРАЌАЛ СМС ПОРАКИ ДО ЈАНКУЛОВСКА ПРЕД ИЗБОРИТЕ 2011„На 14-ти се распуштаме, а ако сакаме и на 15-ти. Погрижи се да завршиме со вработувањата", и пишува Груевски на Јанкуловска во април 2011 година. Избеганиот Груевски и Гордана Јанкуловска од времето кога тој доаѓаше на судските рочишта. - (Фото: СДК.МК)

    На судењето за предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности се читаа пораки меѓу обвинетите Никола Груевски кој е во бегство и му се суди во отсуство и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

    Во смс комуникацијата Груевски и кажува на Јанкуловска дека пред изборите треба да заврши со вработувања на членови на партијата.

    „На 14-ти се распуштаме, а ако сакаме и на 15-ти. Погрижи се да завршиме со вработувањата”, и пишува Груевски на Јанкуловска во април 2011 година.

    Потоа тогашниот премиер Груевски и препраќа смс пораки на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, кои тој ги добил од членови од партија незадоволни дека не се вработени во МВР.

    “Господине Груевски ве молам помогнете ми. Од 2006 година чекам вработување во МВР, имам поминато на Општински комитет, но вработија друг” стои во едната порака. “Се случува хаос со вработувањата. Бев на советничка листа, но не можам да дојдам на ред за вработување. Вработуваат роднини”, стои во пораките кои ги добил Груевски а тој и го препраќал на Јанкуловска.

    Груевски и кажува на Јанкуловска дека на терен сообраќајната полиција пишувала многу казни и дека треба да се прекине до изборите.

    Во смс разговорите кои се читаа меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска двајцата разговараат за слабата излезност во дијаспората.

    „Кажи бројки ебаго” и пишува Јанакиески на Јанкуловска за бројот на пријавени гласачи во дијаспората на што таа му одговара „Ти пратив ммс“.

    Судењето се прекина бидејќи му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ. Тој му се пожали на судијата Осман Шабани дека од утрово не се чувствувал добро и имал гушење.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира