Актерот од серијата „Игра на тронови“ и најсилниот човек во Европа, Хафтор Јулиус Бјорнсон, ги предупреди навивачите против насилно однесување.
Исландскиот спортист, кој го глуми бруталниот лик „Планината“ во популарната серија, објави порака против насилство на Фејсбук и на Инстаграм по хулиганските испади на Европското првенство во фудбал во Франција. Тој побара од навивачите на Европското првенство да ги одделат спортот и насилството.
„Веројатно ме знаете од ‘Игра на тронови’ на ХБО, кадешто го играм ‘Планината’, навистина силен и брутален карактер. Но, ‘Игра на тронови’ е само телевизиско шоу, јас не сум таков во вистинскиот живот. Ве молам, не дозволувајте вашата страст за фудбалот да ве заслепи. Насилството е лесно. Тоа е некултурно и слепо. Насилството е целосна спротивност на спортот. Имам порака за сите навивачи на Европското првенство во Франција. Ако повредувате други луѓе поради вашиот тим, вие не сте навивачи. Вие сте криминалци и губитници“, порача Бјорнсон.
Исланд, исто така, учествува на Европското првенство како земја со најмала популација на турнирот. И покрај тоа, Исланѓаните успеаја да одиграат 1:1 со фаворизираната Португалија во првиот меч од фазата на групи.