Ирските навивачи се целосна спротивност од нивните соседи Англичаните и уште еднаш ги освоија домаќините на големите фудбалски натпреварување со своето однесување на Европското првенство во Франција.
Претходно во Париз и сега во Бордо, Ирците не направија ниту најмал инцидент и француските медиуми известуваат дека тие се најпопуларните навивачи помеѓу локалното население. За разлика од останатите навивачки групи, кои учествуваат во тепачки и провокации, Ирците секогаш чистат по нивните собири на плоштадите и не ги провоцираат противничките навивачи или случајните минувачи.
Вчера во Бордо изненадија и една Французинка, пеејќи и серенади. Во прв момент, таа не знаеше што да прави, но набрзо потоа ја имаше најнормалната рекација – го извади телефонот и почна да ги снима распеаните Ирци. Настапот на навивачите изгледа и се допадна, па остана да се подружи со нив.