ТЕРЕЗА МЕЈ ЌЕ ГО ОДЛОЖИ УТРЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА БРЕГЗИТ

    ТЕРЕЗА МЕЈ ЌЕ ГО ОДЛОЖИ УТРЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА БРЕГЗИТТереза Меј ќе ја соопшти својата одлука во попладневните часови (Фото: Гети)

    Тереза Меј ќе го одложи гласањето за брегзит што требаше да се одржи утре во британскиот парламент, јавуваат тамошните медиуми.

    Таа ќе им се обрати на пратениците во попладневните часови, кога се очекува да ја соопшти ваквата одлука, велат извори од нејзиниот кабинет.

    Владата и натаму инсистира гласањето да се одржи утре, и покрај тоа што нема расположение договорот да помине.

    Гласањето дефинитивно нема да се одржи“, откри извор од владата.

    Ова уследи истиот ден откако Европскиот суд на правдата заклучи дека Велика Британија би можела еднострано да се откаже од излегувањето од Европската Унија, без да добие дозвола од останатите 27 членки.

    Портпаролката на Европската комисија Мина Андреева изјави дека Европската Унија нема повторно да преговара за Договорот за повлекување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира