„БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ НА „КВИН“ СТАНА НАЈСТРИМУВАНА ПЕСНА ОД 20. ВЕК

    „БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ НА „КВИН“ СТАНА НАЈСТРИМУВАНА ПЕСНА ОД 20. ВЕКФилмот ја доближи музиката на „Квин“ до новите генерации. - Рами Малек со Брајан Меј и Роџер Тејлор на премиерата на „Боемска рапсодија“ (Фото: Ројтерс)

    Им кажуваа дека песната никогаш нема да биде успешна поради должината од шест минути, оперските премини и со стиховите за Галилео и Скарамуш, но хитот на „Квин“, „Боемска рапсодија“, оваа недела стана најстримувана песна од 20. век.

    Поттикната од истоимениот биографски филм за групата, синглот и спотот од 1975 година ја надминаа бројката од 1,6 милијарди стримања на глобално ниво, објави компанијата „Јуниверзал“. Надминувајќи ги „Нирвана“ и „Ганс енд роузис“, „Боемска рапсодија“ сега е и најстримуваната рок песна на сите времиња.

    Филмот „Боемска рапсодија“, со Рами Малек во улогата на Фреди Меркјури, ја доближи музиката на „Квин“ и до новите генерации. Пет недели од премиерата, тој стана и најуспешниот музички биографски филм во историја, со заработени 600 милиони долари на кино благајните. Малек е номиниран за Златен глобус, а ова му се предвидува и на Оскарите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира