КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ СВИКАА ГЛАСАЊЕ ЗА ДОВЕРБА НА ТЕРЕЗА МЕЈ

    КОНЗЕРВАТИВЦИТЕ СВИКАА ГЛАСАЊЕ ЗА ДОВЕРБА НА ТЕРЕЗА МЕЈТереза Меј се соочи со големи критики за начинот на кој ги водеше преговорите за брегзит (Фото: ЕПА)

    Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се соочи со гласањето за нејзина доверба, што за вечерните часови го свикаа пратениците од Конзервативната партија.

    Меј, која стана премиер кратко време откако на референдумот во 2016 година помина договорот за излегување на Велика Британија од Европска Унија, се соочи со големи критики од своите сопартијци за начинот на кој ги водеше преговорите за брегзит. Таа во понеделникот го одложи гласањето за брегзит во британскиот парламент, што требаше да се одржи вчера, сметајќи дека договорот ќе биде отфрлен со значителна разлика во гласови.

    На денешното гласање, Меј мора да добие мнозинство гласови за да остане на својата функција. Ако не успее во тоа, ќе се избира нов лидер на партијата, во што таа нема да може да учествува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира