Двајца велшки навивачи по грешка резервирале хотел во Ленс, Швајцарија, место во Ленс, Франција, за натпреварот против Англија на Европското првенство во фудбал.
Велшаните платиле 300 евра за сместувањето и сфатиле дека направиле грешка дури кога пристигнале во Франција.
„Се обидовме да не се смееме. Тие го бараа хотелот во Ленс и на крајот утврдивме дека резервирале хотел во погрешна земја. Џабе потрошиле 300 евра и потоа најдоа сместување во Лил” откри Винс Алм, претставник на Федерацијата на велшки фудбалски навивачи.