Управата за безбедност и контраразузнавање ги прислушувала и Александра Мијалкова, сопруга на обвинетиот ексдиректор на Управата Сашо Мијалков и неговиот брат Влатко, тврди сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Тврдина-Таргет“ за масовното нелегално прислушување.
„На минатото рочиште спомнавте дека во системот за следење на комуникации во УБК, кога сте ги ваделе и копирале прислушуваните разговори, сте наишле на два сензитивни таргета. Појаснете што значи тоа сензитивни, за кого се работи?“, праша обвинителот од СЈО Артан Ајро.
„Кога спомнав сензитивни таргети, мислев на два таргета, едниот беше Влатко Мијалков, брат на ексдиректорот Сашо Мијалков, другиот беше Александра Мијалкова, сопругата на Сашо“, одговори сведокот Лазаревски.
- НА ПОЧЕТОК КОПИРАВМЕ РАЗГОВОРИ НА СДСМ, НО ПОТОА НАЈВАЖНИ НИ БЕА ЈАНКУЛОСКА И ЈАНАКИЕСКИ, СВЕДОЧЕШЕ ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ КАКО ГИ ВАДЕЛЕ ПОДАТОЦИТЕ ОД УБК
- ПРЕКУ АНЕГДОТА ВО УБК ДЕКА СТАВРЕСКИ ИЗНЕРВИРАН Ѝ КАЖУВА НА ЈАНКУЛОСКА ОТИ ГРУЕВСКИ Е ЗА ВО ДЕМИР ХИСАР ДОЗНАВ ДЕКА СЕ ПРИСЛУШУВААТ МИНИСТРИ, СВЕДОЧИ ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ
- ПРВОТО УНАПРЕДУВАЊЕ ВО МВР ГО ДОБИВ ОД ЈОРДАН МИЈАЛКОВ, А САШО МИЈАЛКОВ МЕ ДЕГРАДИРАШЕ НА ПОЗИЦИЈА ПОЧЕТНИК, СВЕДОЧИ СВИРКАЧОТ ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ
На ова, првообвинетиот Сашо Мијалков го погледна сведокот и заврте со главата во знак на негирање. Тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластувањата и примање награда за противзаконито влијание.
За масовното нелегално прислушување обвинети се и избеганиот Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, избеганиот Никола Бошковски – Прскач и шестмина вработени од УБК. Една обвинета призна вина и доби условна казна.
С. К. ДЕЛЕВСКА