Полицијата ги истурка демонстрантите и го спречи нивниот обид да го урнат Прометеј. Го обиколи споменикот, а демонстрантите ги потисна да излезат на булеварот пре Собрание. Во исто време до демонстрантите се доближија и водените топови, а се појави и возило на Брза помош.
Активисти на Шарената револуција со маски на лицата се обидоа да го урнат споменикот. Го искинаа платното со кое беше заграден и се искачија највисоко на скелето. Го заврзаа платното околу вратот на Прометеј и во моментот кога почнаа да го влечат платното за да го урнат споменикот, дојде полицијата и почна да ги потиснува. Во истиот момент се вклучија и водените топови. Репортрите на СДК.МК јавија дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се качил на еден од водените топови.
Препирката со полицијата се уште трае. Полицијата е околу Прометеј, пред нив има демонстранти, а една група демонстранти е зад нив, во паркот. Таму се оти полицијата ги потисна и останаа зад полициската барикада.