Расправата по уставните амандмани што требаше да се одржи вечерва на собрaниската Уставна комисија е одложена за утре во 12 часот, а одложувањето е поради верскиот празник Свети Никола.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека донела одлука да не учествува во натамошната расправа за уставните амандмани. Одлуката е донесена во консулатација со Извршниот комитет на партијата, затоа што расправата ја сметаат за фарса.
„Нема да учествуваме во понатамошната расправа по амандманите, бидејќи е фарса. Фарса беше и референдумот за името, фарса беше и јавната расправа, само со партиски експерти, сите понатамошни дејствија се незаконски и противуставни и затоа, пратенците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во натамошната расправа“, рече вечерва во име на поголемиот дел на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.
Г. ТРПЕНОСКИ