СЛЕП ВОДОЗЕМЕЦ КОЈ СИ ЈА ЗАКОПУВА ГЛАВАТА ВО ПЕСОК ИМЕНУВАН СПОРЕД ДОНАЛД ТРАМП

    СЛЕП ВОДОЗЕМЕЦ КОЈ СИ ЈА ЗАКОПУВА ГЛАВАТА ВО ПЕСОК ИМЕНУВАН СПОРЕД ДОНАЛД ТРАМПКомпанијата која плати 25.000 долари за името ја стави фризурата на Трамп на новооткриеното суштество (Фото: „Енваеробилд“)

    Новооткриен слеп водоземец кој си ја закопува главата во песок официјално ќе биде именуван дермофис доналдтрампи, во чест на постојаното негирање на климатските промени од страна на американскиот претседател.

    Името беше избрано од шефот на „Енваеробилд“, компанија за одржливи градежни материјали, кој плати 25.000 долари на наддавањето.

    Малото суштество е откриено во Панама

    Десет сантиметри долгото суштество без нозе беше пронајдено во Панама и Ејдан Бел од „Енваеробилд“ вели дека неговата способост да си ја закопува главата во песок е соодветна на пристапот на Трамп кон климатските промени.

    „Тоа е совршено име за него. Дермофис доналдтрампи е подложен на влијанието на климатските промени и е во опасност да исчезне како резултат на политиките на неговиот имењак. Закопувајќи си ја главата во песок, Трамп упорно го игнорира научниот консензус за климатските промени“, вели Бел.

    Според владин извештај, климатските промени веќе им наштетуваат на Американците, преку урагани, поплави и шумски пожари и ќе биде уште полошо.

    „Не верувам во тоа“, беше одговорот на Трамп на овој извештај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира