ВО СЕЛОТО НА ДЕДО МРАЗ ВО НОРВЕШКА БОЖИЌ ТРАЕ 365 ДЕНА

    ВО СЕЛОТО НА ДЕДО МРАЗ ВО НОРВЕШКА БОЖИЌ ТРАЕ 365 ДЕНАЖителите на северен Дробак во Виндфангербукта 365 дена го слават Божиќ, а присуството на дедо Мраз се чувствува во секое време и на секое место (Фото: НМТБ)

    Сите што мислат дека навистина го познаваат Дедо Мраз и дека сезоната на празници е најдобриот период во годината, ги немаат вистинските информации. Колкумина навистина знаат дека Дедо Мраз е роден под карпа во северен Дробак во Виндфангербукта.

    Дробак се наоѓа на источно од фјордовите кај Осло и овде присуството на Дедо Мраз може да се почувствува во секое време и секаде, дури и кога не е Божиќ.

    Жителите на градот всушност го слават Божиќ сите 365 дена во годината. Дробак е град на Божиќ преку целата година, а „Тригарден Јулехус“ е едно од најспектакуларните места таму.

    „Тригарден Јулехус“ беше отворен во 1988 година во објект именуван „Божикна куќа“. Таму може да се купат божикни сувенири и играчки, како соодветни свеќи. Исто така, во објектот има и пошта од каде може да се пратат писма низ целата година.

    Локалните власти во Дробак имаат направено специјални предупредувачки знаци да се внимава на Дедо мраз на улиците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира