Пол Макартни упати божиќна порака до своите фанови, порачувајќи им да не бидат како него. Седумдесет и шестгодишната легенда на „Битлс“ ја дополни својата порака со фотографија од млади денови.
„Не јадете и не пијте многу! Јас знам дека нема да се послушам, но тоа нека не ви биде изговор. И не заборавајте го вистинското значење на Божиќ, а тоа се љубов, мир и почит“, напиша Макартни.
Тој додава дека често ги реоформува „Битлс“ во својата глава.
„Џон Ленон и Џорџ Харисон секогаш ќе бидат голем дел од мојот живот. Би било одлично кога би можеле повторно да свириме заедно. Знаете каде се случува тоа? Во моите сништа“, вели Макартни.
На концертот во Лондон минатата недела, тој отсвири една песна со другиот преживеан член на групата, Ринго Стар.