НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ОД 1 ЈАНУАРИ МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ РАБОТНА ВИЗА, ПОВТОРИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

    НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ОД 1 ЈАНУАРИ МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА БЕЗ РАБОТНА ВИЗА, ПОВТОРИ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕГерманската амбасада пред два месеци првпат демантираше вакви непроверени информации. - Германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих (Фото: СДК.МК)

    Германската амбасада во Скопје уште еднаш предупреди дека не се точни медиумските информации дека од 1 јануари, граѓаните на земјите што не се членки на Европска Унија ќе можат без виза да работат во Германија.

    „Информациите за нов закон, кој требаше да стапи во сила на 1 јануари 2019 година и кој на граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи шестмесечен престој во Германија без работен договор и без работна дозвола, не се точни. Ве молиме да се информирате на интернет страницата на германската амбасада за предусловите и за времето на чекање за доделување работна виза“, соопшти амбасадата во Скопје.

    Таа пред два месеци првпат демантираше вакви информации, кога тие се појавија на неколку македонски портали, без потврда од релевантен избор и потоа со голема брзина се проширија на социјални мрежи.

    „На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ како досега, така и по 1 јануари, им е потребна валидна работна виза за Германија. Носителите на македонски пасош можат да поднесат барање за виза само во германската амбасада во Скопје и визата се издава само таму“, кажаа тогаш од амбасадата, предупредувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на измами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира