Кристијано Роналдо игра далеку под очекувањата на Европското првенство во Франција, што очигледно се одрази на расположението на португалскиот фудбалер надвор од теренот.
Ѕвездата на Реал Мадрид денеска покажа дека е нервозен, откако за време на прошетка со соиграчите му го фрли микрофонот на новинарот, кој му постави најобично прашање. Португалскиот новинар го праша: „Роналдо, дали си подготвен за денешниот натпревар?”, а фудбалерот, место да одговори, го грабна микрофонот и го фрли во езеро.
Португалија вечерва игра против Унгарија на Европското првенство и мора да победи ако сака да го освои првото место во групата по двете ремија на стартот.