Основачот на „Амазон“ Џеф Безос преку Твитер објави дека се разведува од неговата сопруга Мекензи Безос, по 25 години брак.
„Како што знаат нашето семејство и најблиски пријатели, после долг период на истражување на нашата љубов, одлучивме да се разведеме и да ги продолжиме нашите животи како пријатели. Ако знаевме дека после 25 години ќе се разделиме, повторно ќе го направевме истото“, вели Безос во твитот.
Во твиот, тој додава дека и двајцата се неверојатно среќни дека се запознале и дека поминале 25 години заедно, и дека „ќе имаат прекрасна иднина како родители, пријатели, партнери во проекти и индивидуалци во авантурите“.
Безос, кој го основал „Амазон“ пред 25 години, денес важи за најбогатиот човек на светот (135 милијарди долари, според индексот на „Блумберг“). „Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ и за првпат стана највредната компанија на светот. Гигантот во онлајн продажба достигна вредност од 797 милијарди долари, откако акциите му пораснале за 3,4%, избивајќи пред „Мајкрософт“, кој вреди 789 милијарди.