ЕНДИ МАРЕЈ ВО СОЛЗИ НАЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА ВО МЕЛБУРН

    ЕНДИ МАРЕЈ ВО СОЛЗИ НАЈАВИ КРАЈ НА КАРИЕРАТА ВО МЕЛБУРНЖелба му е да се повлече на Вимблдон, но не знае дали ќе стигне до таму. - Енди Мареј (Фото: Гети)

    Енди Мареј изјави дека планира да се повлече од тениските терени по годинашниот Вимблдон, но стравува дека нема да го дочека тоа и дека Отвореното првенство на Австралија ќе му биде последен турнир.

    Трикратниот гренд слем победник, кој тешко заздравува од операцијата на колкот, се расплака на денешната прес-конференција во Мелбурн, во пресрет на стартот на Австралија опен.

    „Не сум сигурен дали во овие болки ќе можам да продолжам да играм уште четири-пет месеци. Сакам да играм на Вимблдон и тука да се повлечам, но не сум сигурен дали ќе успеам во тоа“, кажа 31-годишниот Шкотланѓанец.

    Поранешниот светски рекет број еден го оперираше десниот колк минатиот јануари и од враќањето на терените во јуни има одиграно само 14 мечеви.

    „Не се чувствувам добро. Се мачам долго време. Имам болки веќе 20 месеци. Сега сум подобро отколку пред шест месеци, но сѐ уште не можам да играм на посакувано ниво“, додаде Мареј.

    Тој го освои Ју-Ес опен во 2012, за потоа да стане голем британски спортски херој кога триумфираше на Вимблдон наредната година, што го повтори во 2016.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира