МЕТ НУДИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ПОРАДИ БЛОКИРАНИОТ БУЏЕТ

    МЕТ НУДИ БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА ПОРАДИ БЛОКИРАНИОТ БУЏЕТМет понуди разонода за вработените во владата, чие делумно затворање трае од 22 декември (Фото: АП)

    Вработените во федералната влада на САД, кои се погодени од делумното затворање на владата, ќе добијат шанса за малку бесплатен културно-забавен живот во Њујорк.

    Операта Метрополитен објави дека им нуди бесплатни билети на вработените во владата, до крајот на месецов. Еден пар влезници за една претстава може однапред да се резервира преку телефон или во живо на билетарата на најпознатата светска оперска куќа.

    Достапни се 12 изведби на оперите како: „Кармен“ од Бизе, „Дон Џовани“ од Моцарт и „Адријана Лекуврер“ од Чилеа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира