„СEГA ШУ ПРАИМЕ?!?“ ГО ПРАША ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    „СEГA ШУ ПРАИМЕ?!?“ ГО ПРАША ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР

    Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска преку свои објави на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“ се потсмева со одлуката на Велика Битанија за излегување од Европската Унија.

    „Сега Шу праиме?!?“, му твитна таа на амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет.

    Јанкулоска на својот фејсбук-профил, пак, напиша „Добро утро Европо“ (Good morning Europe), со слика на балон со знамето на Велика Британија.

    Јанкулоска е стипендист на Велика Британија, односно како што може да се види во нејзината биографија, таа има магистрирано на кентскиот универзитет, во Кентербери. Во јули 2004 година, универзитетот ѝ доделува награда за посебни достигнувања во областа на правото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира