ОД 38 КАФЕАНИ ВО ОХРИД, ДУРИ 25 НЕ ПЛАТИЛЕ ТАКСА ЗА ТЕРАСИТЕ, ОПШТИНАТА АПЕЛИРА ДА ПЛАТАТ

    ОД 38 КАФЕАНИ ВО ОХРИД, ДУРИ 25 НЕ ПЛАТИЛЕ ТАКСА ЗА ТЕРАСИТЕ, ОПШТИНАТА АПЕЛИРА ДА ПЛАТАТОпштината за мината година од комунална такса за тераси, според издадените одобренија треба да наплати 2.230.863 денари. По поплавите во март лани угостителите кои имаа изградено платформи во езерото поднесоа барање до Општината за обештетување поради настаната штета. (Фото: СДК.МК)

    Од 38 угостителски објекти кои имаат одобрение за тераса, дури 25 немаат платено такса за минатата година иако цела сезона имаа распослано маси и столици на јавна површина. Општина Охрид вчера апелираше  кафулињата и кафеаните да платат за користење на јавна површина за терасите пред објектите, а ако тоа не го сторат нема да добијат дозвола за оваа година.

    „Угостителските објекти ако не ги подмират обрвските до 31 јануари ќе бидат санкционирани од инспекциски служби и не ќе може да поднесуваат барања за тераси за оваа година. Општината за мината година од комунална такса за тераси, според издадените одобренија треба да наплати 2.230.863 денари“, велат од Општина Охрид

    Во јануари минатата година Општината предложи нова повисока цена за користење на јавната површина, но угостителите беа незадоволни, па општинските власти се откажаа од идејата за поскапување.

    По поплавите во март лани угостителите кои имаа изградено платформи во езерото поднесоа барање до Општината за обештетување поради настаната штета.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира