ЃОКОВИЌ ЗА САМО 83 МИНУТИ ДО СВОЕТО СЕДМО ФИНАЛЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН И НОВ ДУЕЛ СО НАДАЛ

    ЃОКОВИЌ ЗА САМО 83 МИНУТИ ДО СВОЕТО СЕДМО ФИНАЛЕ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН И НОВ ДУЕЛ СО НАДАЛЃоковиќ му препушти само четири гема на Лукас Пуј во полуфиналето (Фото: ЕПА)

    Новак Ѓоковиќ изгуби само четири гема во полуфиналниот дуел со Лукас Пуј, за да се пласира во своето седмо финале на Отвореното првенство на Австралија. Светскиот рекет број еден таму ќе се сретне со Рафаел Надал, што ќе биде нивна осма пресметка во финалните гренд слем мечеви.

    На Ѓоковиќ му требаа само еден час и 23 минути за да го совлада Французинот Пуј со 6:0, 6:2, 6:2, при што направи само пет неизнудени грешки.

    Ѓоковиќ на свој начин го најави неделниот дуел со Надал, што почнува во 9.30 часот по македонско време.

    „Јас секако би купил влезница за тој меч“, рече тој.

    Тоа ќе биде нивни 53. меѓусебен дуел и Ѓоковиќ засега води со 27:25.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира