ВО НАЈКУС РОК ЌЕ ВИДИТЕ ДАЛИ ГРУЕВСКИ Е МЕЃУ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ, РЕЧЕ РУСКОСКА

    ВО НАЈКУС РОК ЌЕ ВИДИТЕ ДАЛИ ГРУЕВСКИ Е МЕЃУ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА 27 АПРИЛ, РЕЧЕ РУСКОСКАДали меѓу организаторите ќе биде и избеганиот експремиер Никола Груевски со оглед на тоа дека во денешните завршни зборови според изјава на заштитен сведок беше посочен дека цело време се работело по негова наредба, Рускоска рече ќе се дознае наскоро кога ќе биде дадена наредба за отворање истрага. (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал ќе донесе наредба за спроведување на истрага за организаторите на организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година, најави денеска обвинителката Вилма Рускоска по завршувањето на рочиште

    „Очекувам во најкраток рок да се донесе наредба за спроведување истрага и за организаторите. А кои ќе бидат тие ќе видите кога ќе ја изготвиме наредбата“, рече Рускоска.

    На новинарско прашање дали меѓу организаторите ќе биде и избеганиот експремиер Никола Груевски со оглед на тоа дека во денешните завршни зборови според изјава на заштитен сведок беше посочен дека цело време се работело по негова наредба, Рускоска кусо изјави „Сметам дека треба да се стрпите да се донесе наредба за истрага“.

    Откако Врховниот суд вчера усвои мислење дека СЈО по истекот на 18 месеци од преземањето на прислушуваните разговори воопшто не смеело ниту да покренува нови истраги, Рускоска на прашањето дали нејзиното обвинителство ќе ги преземе овие предмети рече дека според Законот за СЈО, тие треба да им бидат предадени.

    „Доколку не ни ги предадат, обвинителството според тој Закон не може да ги преземе и да ги бара“, рече Рускоска.

    Ако ги преземат предметите, Рускоска смета дека нејзиното обвинителство ќе може како докази да ги користи бомбите.

    „Кога тие снимки беа предложени како доказ од СЈО првостепениот суд ги одби, но по одлука на Апелација тие станаа доказ во предметите. Нема зошто таа одлука да не важи. Не е важно кој постапувал по предметот, кое Обвинителство, сите сме обвинители и одлука на суд е одлука на суд. Тоа е мое мислење“, одговори Рускоска.

    По еден месец пауза денеска продолжи судењето за нападот на Собранието во кое обвинети сега се 18 лица, откако 15 обвинети беа амнестирани со Законот за амнестија.

    Во завршните зборови на Обвинителството беше кажано дека 17 лица се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата за што минималната затворска казна е 10 година, а едно лице за помагање во загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира