БУЏЕТОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО Е НЕСООДВЕТЕН, А СИСТЕМОТ Е НЕОРГАНИЗИРАН, ПОКАЖА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКИОТ РЕВИЗОР

    БУЏЕТОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО Е НЕСООДВЕТЕН, А СИСТЕМОТ Е НЕОРГАНИЗИРАН, ПОКАЖА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКИОТ РЕВИЗОРСпоред Извештајот, индустријата е најголемиот загадувач, а потоа следува загадувањето предизвикано од загревањето на домаќинствата и помали фирми, додека автомобилите се оценети како средни загадувачи, а отпадот, земјоделието и останатите фактори се оценети како помали загадувачи.(Фото: СДК.МК)

    Буџетот на Македонија за спроведување со аерозагадувањето е несоодветен, а системот не е правилно организиран и координиран, стои во Извештајот за квалитетот на воздухот изготвен од Европската организација на врховни ревизорски институции(ЕУРОСАИ). Како што пренесува „Мета“, инвестицијата за подобрување на квалитетот на воздухот од државниот буџет е мал и претставува само 0,1 отсто од БДП.

    Извештајот меѓународно ревизорско тело, составено од 15 врховни ревизорски институции од Европа, заедно со Европскиот суд на ревизори, се однесува на квалитетот на воздухот на Албанија, Бугарија, Естонија, Грузија, Унгарија, Израел, Косово, Молдавија, Полска, Романија, Словачка, Шпанија, Швајцарија, Македонија и Холандија.

    Во делот за Македонија стои индустријата е најголемиот загадувач, а потоа следува загадувањето предизвикано од загревањето на домаќинствата и помали фирми, додека автомобилите се оценети како средни загадувачи, а отпадот, земјоделието и останатите фактори се оценети како помали загадувачи.

    „Системот за управување со квалитетот на воздухот во Македонија не е правилно организиран и координиран. Беа формирани Интерсекторска работна група за квалитет на воздухот и Комисија за здравје и животна средина за да се подобри интерсекторската соработка, но координацијата помеѓу институциите е незадоволителна и не постои систем за следење на спроведувањето на секоја мерка“, се вели во Извештајот.

    Меѓународните ревизори утврдиле дека инспекциите за животна средина се спроведуваат без никаква координација на централно и локално ниво. Националниот план за заштита на амбиентниот воздух е комплексен и покрива различни области, но не постои систем за следење на спроведувањето насекоја мерка. Планот не содржи показатели за мерење на ефективноста на спроведување на политиката што го отежнува следењето на мерките за постигнување на целите на владата и политиките за борба против загадувањето на воздухот.

    Меѓународните ревизори и препорачуваат на Владата да ги ажурира сите релевантни законски и подзаконски акти заради целосна хармонизација на националното законодавство со Директивата на ЕУ за квалитет на амбиентниот воздух, да воспостави систем на размена на податоци, но и да наметне санкции на централно и локално ниво за непочитување на политиките кои се однесуваат на квалитетот на воздухот и на граничните вредности на одредени загадувачи на воздухот. Меѓу препораките е и македонската Влада да обезбеди буџет за работа и одржување на сите мониторинг станици за квалитет на воздух и да предвиди буџет во планските документи, но и да ја подобри мрежата за следење на квалитетот на воздухот со соодветно преместување на станиците и нивно континуирано одржување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира