ТОА ШТО ЧАВКОВ НЕ МУ СЕ ЈАВУВАЛ НА МИНИСТЕРОТ НУХИУ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ РАБОТЕЛ НА 27 АПРИЛ, ВЕЛИ ОДБРАНАТА

    ТОА ШТО ЧАВКОВ НЕ МУ СЕ ЈАВУВАЛ НА МИНИСТЕРОТ НУХИУ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ РАБОТЕЛ НА 27 АПРИЛ, ВЕЛИ ОДБРАНАТАОбвинетито ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 (Фото: К. Попов)

    Казната е најмалку 10 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и брзбедноста, а имаме во обвинението нецела реченица за извршено дело, за неиздавање наредба од страна на обвинетиот Митко Чавков за постапување на полициските сили, кажа во завршниот збор го кажа неговиот адвокат денеска во Основниот суд Скопје 1, каде што привршува судскиот процес за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, по амнестијата на половина од обвинетите.

    Во врска со наводите на тогашниот министер на МВР Агим Нухиу дека тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност не му бил достапен, бранителот Саша Дуковски докажа со листинзи дека обвинетиот Чавков цело време комуницирал со надлежните во СВР Скопје и оти наредбата за употреба на шок бомби во Собранието на 27 април 2017, е негова.

    „Јас навистина не познавам толку способен полицаец во целиот свет, кој при постоење на СВР-а, треба да знае што се случува 24 часа на територијата на секое од нив“, рече Дуковски и кажа дека „нејавувањето на телефон на сведокот Агим Нухиу, тогашниот министер за внатрешни работи, не значи дека некој не преземал ништо”. Потсети дека по наредба на Чавков дошло дополнително полициско обезбедување и пратениците биле евакуирани.

    Но, адвокатот на Чавков не објасни зошто доцна го направил тоа, по скоро 2 часа од нападот на Собранието, поради што еден за малку не беше убиен, а десетици пратеници, собраниски полицајци и новинари беа со раскрвавени глави и други тешки и полесни повреди.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира