ПОЗНАТИ ПРВОРАНГИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

    ПОЗНАТИ ПРВОРАНГИРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЗА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈАПо бодувањето на кандидатите, утре треба седница да одржи собраниската Комисија за избори и именување, на која, според рангирањето треба да се изберат шестте членови и претседател на Антикорупциската комисија. Потоа одлуката треба да се гласа на пленарна седница во Собранието, која исто така ќе се одржи утре.- Од интервјуата на кандидатите (Фото: К. Попов)

    Комисијата за селекција на кандидатите за избор на членови и претседател на Антикорупциската комисија вечерва заврши со бодување на пријавените кандидати на огласот. Откако вчера завршија интервјуата на сите 56 пријавени кандидати, вечерва објавен е списокот со рангирање на кандидатите според освоените бодови.

    Прв со максимални 100 бодови е Владимир Георгиев државен советник на секретаријатот на Антикорупциска, втора со 98,17 бодови е Софка Пејовска Дојчиновска, раководител на сектор за спречување на корупцијата и судир на интереси. Двајцата прворангирани работат во Антикорупциска од нејзиното формирање до денес. Трета на ранг листата е ревизорката Катица Николовска 94,67, четврти е Нури Бајрами со 93,57 бодови вработен во Општина Гостивар, петта ревизорката Билјана Ивановска 92,14. Шести според рангирањето е новинарот на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК Горан Трпеноски 89,29, а седми Салаи Шемши вработен во Општина Врашчиште со 89,17 бодови.

    По бодувањето на кандидатите, утре треба седница да одржи собраниската Комисија за избори и именување, на која, според рангирањето треба да се изберат шесте членови и претседател на Антикорупциската комисија. Потоа одлуката треба да се гласа на пленарна седница во Собранието, која исто така ќе се одржи утре.

    Комисијата за селекција на кандидатите за претседател и за членови на Државна комисија за спречување на корупцијата ја составува пратениците Мухамед Зекири од СДСМ, Артан Груби од ДУИ, Зоран Илиоски од ВМРО – ДПМНЕ и Владанка Авировиќ од независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ, Драги Целевски номиниран од Народниот правобранител, а Сабина Факиќ и Бесим Небиу како претставници на здруженијата односно фондации назначени за членови во Советот за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор. Учесници во интервјуата беа и претставници на медиумските и граѓанските здруженија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира