ЗАЕВ И ЦИПРАС ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО МИНХЕН В ПЕТОК

    ЗАЕВ И ЦИПРАС ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО МИНХЕН В ПЕТОКЗаеви и Ципрас ќе се сретнат на маргините на конференција во Минхен и тоа ќе биде нивна прва средба по потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018. (Фото: М. Златевска)

    Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат в петок на Минхенската конференција за безбедност, потврдија од Владата. Станува збор за најголема конференција од ваков тип во светот и годинава учесници ќе бидат 35 шефови на држави и влади и над 80 министри за одбрана и надворешни работи.

    Според грчките медиуми, грчкиот и македонскиот премиер на конференцијата ќе ја добијат наградата „Евалд фон Клајст“ за нивните напори во решавањето на долгогодишниот спор за името. Претходни добитници на наградата која се доделува за придонес за мир и разрешување конфликти се Хенри Кисинџер, Хавиер Солана и Џон Меккејн.

    На конференцијата во Германија, која традиционално се одржува во втората половина од февруари, најавено е присуството на Ангела Меркел, Мајк Пенс, Јенс Столтенберг и Федерика Могерини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира