ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА БЕЗ ОПОЗИЦИЈА, ЛЕСЕН ДЕБИ НАСТАП НА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА БЕЗ ОПОЗИЦИЈА, ЛЕСЕН ДЕБИ НАСТАП НА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ

    Пратениците на СДСМ, НСДП и на ЛДП на денешната собраниска седница за пратенички прашања нема да учествуваат. На седницата деби настап треба да има премиерот за спроведување на предвремени парламентарни избори Емил Димитриев. Тој за првпат ќе одговара на прашања на пратениците, откако е на функцијата. Прашањата ќе доаѓаат главно од пратениците од власта, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ.

    Опозицијата минатата недела ги замрзна своите активности во Собранието во обид да изврши притисок врз власта и врз Уставниот суд, за кој тврди дека е контролиран од власта, да ја стави на дневен ред точката за оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

    Последен пат, пред да ја напушти функцијата премиер, Никола Груевски одговараше на прашања на пратениците на 29 јануари. Оттогаш немало седница со оваа точка, бидејќи Парламентот и не работеше, оти еден период беше и распуштен, поради утврдените, па подоцна поместени датуми за парламентарни избори.

    Парламентарната опозиција побара седница за пратенички прашања уште на трети овој месец, но претседателот на Собранието Трајко Вељаноски соопшти дека тогаш не беа исполнети условите за одржување на ваква седница. “Претходниот период седница за пратенички прашања не беше закажана од две причини. Прво, затоа што не беа изминати првите сто дена од изборот на Емил Димитриев за премиер, и второ, затоа што беше распуштен Парламентот“, објасни тогаш Вељаноски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира