ПУКАЊЕ КАЈ „ЛЕПТОКАРИЈА“ ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ПУКАЊЕ КАЈ „ЛЕПТОКАРИЈА“ ВО СКОПЈЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИНајверојатно пукањето не било меѓу автомобили во движење. - Од увидот на полицијата (Фото: Ѓ. Личовски)

    Попладнево случајни минувачи пријавиле во МВР дека непознато лице кај трговскиот центар „Лептокарија“ во скопски Карпош пукало со пиштол во друго лице. МВР ја потврди информацијата, кажа и дека нема повредени.

    Пријавувачот не е лице во кое е пукано, само е очевидец. Најверојатно пукањето не било меѓу автомобили во движење. Лицата кои се спречкале со оружје на паркингот не се таму, МВР врши увид на местото и го бара лицето кое пукало. На паркингот кај што се случила престрелката има безбедносни камери.

    Нема материјална штета. Увидот е во тек.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира