Ракометарите на Вардар лесно го победија европскиот шампион Монпелје со 33-27 во последниот меч од фазата на групи на Лигата на шампиони. И покрај победата, „црвено-црните“ останаа на третото место во групата А, откако денеска второпласираниот Веспрем го победи Кјелце со 36:35 на гости.
Во салата „Јане Сандански“, Криштопанс со 7 гола и Карачиќ со 6 гола беа најдобри стрелци во тимот на Вардар, а голманот Милосављев имаше 14 одбрани.
Во осминафиналето, Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од групата Б, ППД Загреб.