Без едногласна одлука на кривичниот совет на Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски, денеска и официјално се ослободени од куќен притвор Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во големата истрага на СЈО „Империја“.
Единствениот што е во (куќен)притвор за овој случај е ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, кому му истекоа 90-те дена кога за жалбите одлучуваше само Основниот суд Скопје 1. За него сега ќе одлучува по жалба Апелациониот суд Скопје, односно Врховниот суд.
Пасошите на Камчев, Јосифовиќ и Панделески се во Основниот суд Скопје 1. За нив не одлучува Врховниот суд. Тие засега остануваат како мерки за обезбедување присуство и осомничените од Основниот суд Скопје 1 ќе бараат нивно евентуално враќање.
Покрај овие четворица, во „Империја“ осомничени се и мајката на Орце, Ратка Куноска-Камчева, неговата сестра Кристина Камчева-Стојческа, Владислав Стајковиќ, Зорица Арсовска, Јованче Тасковски, Дејан Јанев, Лилјана Гајдовска, Тодор Мирчевски и Ванче Мијалчев.
Осомничени се за: злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, за перење пари, измама, злоупотреба на службената положба и овластувањата и други дела.
С. К. ДЕЛЕВСКА