САШО МИЈАЛКОВ И БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОДАТ ВО ПРИТВОР ВО ШУТКА

    САШО МИЈАЛКОВ И БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОДАТ ВО ПРИТВОР ВО ШУТКАПо изрекувањето на тригодишмаѕа затворска казна во „Титаник 2“, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кажа дека нема намера да бега, бидејќи стилот на неговото живеење не е бегањето. (Фото: К. Попов)

    Судијата Огнен Ставрев, по консултација со советот на судија и поротници со кој претседава, одлучи осудениот Сашо Мијалков на 3 години затвор, од куќен притвор да биде спроведен во ефективен притвор во затворот во Шутка на барање на обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, поради опасност од бегство.

    Истата мерка притвор судот му ја одреди и на Бедредин Ибраими, осуден во „Титаник 2“ на 4 години и шест месеци затвор.

    Останатите осудени, Мендух Тачи на 3 години и два месеца, и Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски имаат обврска еднаш неделно да се јавуваат во суд, во спротивно ќе се активира мерка притвор и за нив. Пасошите им остануваат, тие нема да им бидат одземени.

    Судската полиција ја извади јавноста надвор. Се очекува затворската полиција од Шутка, од судницата во Основниот суд Скопје 1, директно да ги однесе во затворот.

    Ставрев напомена дека жалбите против изречените мерки, не го одлагаат нивното извршување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира