„БОИНГ 737“ СО 149 ПАТНИЦИ СЕ УРНА НА ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД АДИС АБЕБА

    „БОИНГ 737“ СО 149 ПАТНИЦИ СЕ УРНА НА ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД АДИС АБЕБАВластите не објавија дали има преживеани (Фото: Ројтерс)

    Патнички авион „боинг 737“ на „Етиопијан ерлајнс“ се урна на летот од Адис Абеба кон Кенија, потврдија властите.

    Се верува дека во авионот биле 149 патници и осум члена на екипажот и засега нема информации дали има преживеани. Од компанијата соопштија дека авионот се урнал набргу по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, главниот град на Етипоија.

    „Сочувство до сите семејства кои ги изгубија саканите во оваа несреќа“, изјави премиерот на Етиопија, Абиј Амед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира