СО СТОЛПЧИЊА ЌЕ СЕ ОГРАДИ КРУЖНИОТ ТЕК ВО ДЕБАР МААЛО ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ КОЛИ

    СО СТОЛПЧИЊА ЌЕ СЕ ОГРАДИ КРУЖНИОТ ТЕК ВО ДЕБАР МААЛО ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ КОЛИУтрово со хоризонтална сигнализација се бележеше кружниот тек, како и останатиот простор околу него наменет за пешаци. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар го бележи кружниот тек во Дебар Маало, за да не се паркираат автомобили каде ќе стасаат. Утрово со хоризонтална сигнализација се бележеше кружниот тек, како и останатиот простор околу него наменет за пешаци. Сега во овој дел од Дебар маало имаше паркирани коли насекаде, но бидејќи не беше бележен често се случуваа и сообраќајки.

    „На овој простор до сега се возеше кој како стаса. Сега ќе го изведеме според сите законски прописи односно кружниот тек ќе биде со една лента за движење на возила, а останатиот простор за движење на пешачи. Околу кружниот тек ќе ставиме и столпчиња за да не се паркираат коли“, вели Кире Секуловски, раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Центар.

    Просторот кој ќе биде наменет за пешаци сега е означен со бели ленти кои означуваат дека тука е забрането паркирање. Дополнително за да се спречи паркирање на просторот за пешаци ќе се постават и клупи и корпи за отпадоци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира