Велшката фудбалска асоцијација (ФАВ) веќе има загарантирани 15 милиони фунти за пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Франција, а ако нивната репрезентација успее на крајот да стане и шампион, таа бројка ќе достигне 22 милиони фунти.
Селекторот Крис Колмен, неговиот стручен штаб и фудбалерите ќе поделат една третина од паричната награда на УЕФА и остатокот ќе оди на сметка на ФАВ. Теоретски, со парите обезбедни досега, ФАВ може да го плаќа селекторот Колмен во наредните 30 години, бидејќи тој заработува 500.000 фунти годишно.
Велс в среда во Лион ќе игра во полуфиналето против Португалија, што е најдобар пласман на на европските првенства во историјата на британската нација.