Оперскиот пејач и поранешен директор на Националната опера и балет Игор Дурловски е единствениот од 17-мината неамнестирани обвинети за нападот на Собранието на 27 април 2017, кој денеска доби ослободителна пресуда. Дурловски, исто така, беше единствен од водачите на „За заедничка Македонија“, кој не побара амнестија, за разлика од Богдан Илиевски Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски.
- ВКУПНО 211 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 16 ОСУДЕНИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО
- ЧАВКОВ ОСУДЕН НА 18 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 27 АПРИЛ, ДУРЛОВСКИ ОСЛОБОДЕН
Пред изрекувањето на пресудата, судијката Добрила Кацарска рече дека несомнено е дека Дурловски за време на протестите пред Собранието ја пеел химната, но за време на нападот не извршил насилство.
Денеска во Основниот суд Скопје 1, на вкупно 211 години затвор беа осудени 16-мина обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Најголема казна, 15 години затвор, доби поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.