Дел од антивладините демонстранти на вечерашниот протест во Белград „1 од 5 милиони“ влегоа во зградата на националната РТС.
Демонстрантите предводени од Драган Ѓилас лидер на опозициската партија Сојуз за Србија, по протестот низ улиците во Белград се упатија кон зградата на РТС и бараа да бидат гости во Дневникот во 20 часот.
По влезот на демонстрантите веднаш пристигна полиција која бара да ја напуштат зградата.
Стотина демонстаранти уште се во зградата и најавуваат дека нема да заминат.
Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ ги повика веднаш да ја напуштат зградата и се закани дека граѓаните ќе бидат исфрлени со сила.