ЕУ ЌЕ ГИ СКРАТИ И ПАРИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРУГА КОН БУГАРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕУ ЌЕ ГИ СКРАТИ И ПАРИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ПРУГА КОН БУГАРИЈА

    ЕУ нема да го поддржи проектот на македонската Влада за изградба на
    пругата кон Бугарија, во делот на железничката инфраструктура на
    Коридорот 8.
    Како што изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Маја Коцијанчич, портпаролката на
    ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, „Проектот за
    транспортно поврзување што Владата го поднесе, за Коридорот 8, ќе биде
    земен в предвид тогаш кога ќе се одговори на важните прашања во тој
    сектор, како секторската стратегија и координација, и кога ќе се
    исполнат условите“.
    „ Има многу недостатоци во транспортниот сектор кои спречуваат
    соодветно секторско планирање и координација. Земјата мора да се
    фокусира на темелни мерки кои ќе овозможат одржливост на големи
    инфраструктурни инвестиции“, изјави Коцијанчич.
    Таа повтори дека кратењето на помошта од програмата за 2016 за Македонија ќе изнесува над 27 милиони евра, затоа што „влошувањето на политичкиот контекст е една
    од причините поради кои, за жал, владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да
    ги исполнат реформските задачи, или да ја покажат потребната подготвеност за планирање на неопходните реформи, или да ги имплементираат фондовите од ЕУ во овие области.“
    На крајот на минатиот месец  во Ротердам, Холандија, на министерскиот состанок за Европските транспортни коридори, министерот за транспорт Владо Мисајловски го претстави  акцискиот план за изградба на пругата кон Бугарија до 2023 година.
    „За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга и таа кон Бугарија, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон Исток и кон Запад, важен сегмент за
    регионалното поврзување. Затоа е многу важно Европската Комисија да ја препознае потребата за реализација на овој проект и да не подржи преку
    негово финансирање, рече Мисајловски.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира