ГОЛЕМ ПОЖАР ПОД ПЕЛИСТЕР, ОПШТИНАТА НА ПОМОШ БАРА АВИОНИ ЗА ГАСНЕЊЕ

    ГОЛЕМ ПОЖАР ПОД ПЕЛИСТЕР, ОПШТИНАТА НА ПОМОШ БАРА АВИОНИ ЗА ГАСНЕЊЕВо гаснењето вклучени се и противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, вработени во Националниот парк Пелистер, како и локалното население. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар попладнево го зафати Потпелистерието, во атарот на селото Ротино. Екипите на Територијалната противпожарна единица од Битола излегоа на терен да гаснат, но поради засилениот ветер, пожарот бргу се прошируваше и претставуваше опасност да ја зафати моликовата шума.

    Од Општина Битола соопштија дека имајќи ги предвид околностите дека се работи за тешко пристапен терен и покрај ангажираноста на противпожарните служби, јавните претпријатија на локално и државно ниво, надлежните служби за заштита, спасување и ЦУК, локализирањето и гаснењето на пожарот е исклучително тешко.

    Состанок одржа и Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Битола под раководство на градоначалничката Наташа Петровска и донесен е едногласен заклучок дека е потребно ангажирање на Дирекцијата за заштита и спасување со активирање на „ер трактори“.

    Во гаснењето вклучени се и противпожарно возило од РЕК Битола, од Општина Ресен, вработени во Националниот парк Пелистер, како и локалното население.

    Од Противпожарната единица од Битола информираа дека во текот на денот имале шест противпожарни интервенции. Покрај големиот пожар во Ротино, екипите на терен гаснеле пожари во Ниже Поле, Драгожани, во Мариовскиот дел и во градското подрачје. Од таму се сомневаат дека пожарите се предизвикани од човечки фактор.

    И во изминатите две недели во повеќе наврати гореше површина кај Ротино и Цапари крај регионалниот пат Битола – Ресен.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира