ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ЗАБРАНИ ПЛАСТИКАТА ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА

    ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ЗАБРАНИ ПЛАСТИКАТА ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБАНовиот закон ќе стапи во сила во сите земји-членки на ЕУ до 2021 (Фото: ЕПА)

    Европскиот парламент денеска изгласа забрана на употреба на пластични цевки, памучни стапчиња и на еднократен пластичен прибор за јадење, како дел од поширокото законодавство против пластичен отпад што ги загадува плажите и океаните.

    Пластиката за еднократна употреба целосно ќе биде забранета во земјите од Европската Унија до 2021 година. Државите исто така ќе треба да воведат мерки за намалување на употребата на пластична амбалажа и на пластични капаци за жешки пијалоци. До 2029 година, пластичните шишиња ќе мора до 90% да бидат направени од рециклирачки материјали.

    На влажни марамчиња, санитарни крпи и на филтри за цигари ќе мора да биде означено дали содржат пластика и на производите ќе мора да стои предупредување до купувачите дека ја загадуваат природата ако не ги фрлаат исправно.

    „Денеска направивме важен чекор кон намалувањето на загадувањето и намалувањето на пластичниот отпад во океаните и морињата. Можеме да го направиме тоа. Европа поставува нови и амбициозни стандарди, што треба да ги следи целиот свет“, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира