Отворање на нов граничен премин меѓу Грција и Македонија, најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
„Потпишавме договор за отворање нов граничен премин меѓу Промахој од грчка страна и Мајден од наша страна кај Кавадарци. Со овој нов граничен премин, заедно со граничниот премин кај Маркова нога и Агиос Германос се создаваат услови за уште поголема соработка и локален економски развој и прекугранична соработка“, рече Заев.
Тој кажа дека на Бизнис форумот кој ќе се одржи попладнево ќе учествуваат над 400 стопанственици од двете земји.
„Со овој бизнис форум ние лидерите од двете земји обновуваме еден историски простор, на кој нашите две земји се упатени на соработка, за трговска и културна соработка. Денес е формиран висок совет за соработка меѓу двете земји и тоа е јасен знак за решавање на отворени прашања за еден нов Балкан. Уверен сум дека оваа соработка ќе биде препознаена за сите понатамошни иницијативи. Стекнав добар пријател, Алексис е мој другар и пријател на нашата земја. Топло препорачувам да градиме пријателство со сите наши соседи“, рече Заев.
Грчкиот премиер Ципрас рече дека со договорот од Преспа се решвааат многу проблеми меѓу двете земји и дека Меморандум за разбирање што го потпишале денес е за да се унапредат претпристапните и пристапните договори.
„Ова е прва официјална посета на грчки премиер во вашата земја. Изгубивме многу време, изгубивме три децении, мора да брзаме да ги премостиме овие јазови. Со дел од договорите ќе избегнеме двојноданочење, пречка која порано не можевме да ја избегнеме оти немавме сосем нормални односи. На денешниот бизнис самит ќе присуствуваат над 100 бизнисмени од Грција“, рече Ципрас