Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Ципрас, по денешното потпишување на План за акција за да се спроведат сите договори, со акцент на најважното – економијата и инфраструктурата, на прес-конференцијата во Владата кажаа дека спомениците од „Скопје 2014“ ќе ѝ останат на земјава, но ќе се стави обележје на секој од нив дека се од античката историја на Грција, дека ѝ припаѓаат на грчката цивилизација.
„Спомениците од античка Македонија се дел од грчкото античко минато и култура. Овие споменици припаѓаат на светот. Ние сме горди кај што ги има. Ќе ни биде драго да се обележи на нив дека ѝ припаѓаат на грчката цивилизација“, рече Ципрас денеска за време на историската прва официјална посета на грчки премиер на земјава.
Проблемите на потрошувачите и на претприемачите, за трговските марки и брендови, од средината на мај ќе почне да ги решава меѓуресорна комисија.
Токму ова Ципрас го посочи кoга зборуваше за битката со лажни вести во Грција.
„По потпишувањето на Договорот во Преспа, ние моравме да се соочиме и да се бориме против лажните вести, дека Договорот направил проблеми. Па проблемите се направени изминатите 30 години, овој Договор е нивното решение. Триесет години никој не зборуваше за трговските марки и брендовите, сега сите само за тоа прашуваат. Имаме граѓани од северниот дел на грчка Македонија и од опозицијата кои не го одобруваат овој Договор кој нуди просперитет и напредок, а токму тие имаат претприемнички активности во Република Северна Македонија“, рече Ципрас кој кажа дека во големата грчка делегација која пристигна со него денеска во Скопје за попладневниот бизнис форум, има повеќе од 100 нови грчки претприемачи за да ги видат можностите за инвестирање во земјава.
С. К. ДЕЛЕВСКА